Изречена била итна мерка за отстранување од дом на насилник од Скопје поради извршено семејно насилство, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.
– Вчера од страна на Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи – Скопје е поднесено барање до скопскиот Основен граѓански суд за итна мерка за отстранување од дом за Љ.Б., 68-годишен скопјанец, поради извршено семејно насилство. На 9 март во 22:30 часот во градот, полициски службеници од СВР – Скопје го лишија од слобода Љ.Б., постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, упатувал закани со остар предмет кон неговиот 35-годишен син, информираа од МВР.
Од страна на Судот, изготвено било решение со што на Љ.Б., како сторител на семејно насилство, му се изрекува итна мерка за заштита од семејно насилство – отстранување од домот во времетраење од 30 дена.