Македонија време

Најстудено утрово во Берово минус 6, денеска температури до 20 степени

Најстудено утрово беше во Берово каде беа измерени минус 6 степени. Минус три степени беа измерени во Битола, додека минус 2 во Скопје-Петровец. Се очекува температурите денеска да достигнат до 20 степени.

Во Крива Паланка, Претор, Струмица, Mаврови Анови, Попова Шапка беа измерени минус 1 степен, во Тетово, Прилеп, Велес, Демир Капија, Гевгелија нула степени, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Kрушево еден степен и два степени во Штип, Охрид, Кавадарци и Виница.

На Попова Шапка е измерена висина на снежна покривка од 63 сантиметри.

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top