Ракомет

Патот на Вардар до Ф4 во ЕЛ преку Франција или Шведска!

Патот на Вардар до Ф4 во ЕЛ преку Франција или Шведска!

Ракометарите на Вардар и покрај освоеното прво место во групата, ги очекува тежок предизвик во четвртфиналето од Европската лига.

Црвено-црните“ ќе играат против победникот од двомечот меѓу Монпелје и Елверум, екипи кои имаа одлични настапи во групната фаза.

Без разлика на противникот, Вардар ќе го игра реваншот на домашен терен.

Доколку се пласира на Ф4 турнирот, таму би можел да се сретне со европскиот гигант Кил.

Завршниот турнир од Европската лига ќе се одржи на 30 и 31 мај во Хамбург.

To top