Втората група македонски граѓани евакуирани од ОАЕ пристигна во Скопје, информира вечерва Министерството за надворешни работи.
Попладнево на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна втората група македонски граѓани кои безбедно полетаа од Дубаи и ја напуштија територијата на Обединетите Арапски Емирати.

-Станува збор за вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјани на Косово, 2 државјани на Босна и Херцеговина, 2 државјани на Албанија, 1 државјанин на Германија, 1 државјанин на Ерменија и 1 државјанин на Црна Гора, информира МНР.
Врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции, летот беше организиран од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а трошоците за неговата реализација беа целосно покриени од државата.