Скопје Меѓуопштинска соработка со Град Скопје

ЈП „ЛАЈКА“ ќе заловува бездомни кучиња во Карпош

Со Локалниот Совет за превенција заседава градоначалникот Сотир Лукровски, а на покана од Општината учествуваат претставници од локалната и централната власт, како и од различни владини и невладини организации и други релевантни субјекти, кои по потреба се вклучуваат во работата на Советот.

ЈП „ЛАЈКА“ ќе заловува бездомни кучиња во Карпош

Локалната самоуправа ќе воспостави меѓуопштинска соработка со Град Скопје, за заловување и собирање на бездомни односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, кои ќе бидат затекнати на јавните површини на подрачјето на Карпош. Поддршка за оваа Одлука дадоа советниците од Општина Карпош, кои во рамки на денешната 10-та седница одлучуваа по 13 точки кои се најдоа на дневниот ред. Поврзано со оваа Одлука, Градот Скопје ќе учестувува во меѓуопштинската соработка со обезбедување трајно и квалитетно вршење на заедничката надлежност на целото подрачје на главниот град, преку Јавното претпријатие „Лајка“ – Скопје, како и со сопствени финансиски средства за таа намена.

Во случајов, Општина Карпош ќе учествува во меѓуопштинската соработка со предвидени финансиски средства во износ од 2.000.000 денари поединечно за таа намена. За реализација на оваа Одлука, градоначалникот на Општина Карпош ќе склучи договор со градоначалникот на Град Скопје и директорот на јавното претпријатие во форма и содржина пропишана со Законот за меѓуопштинска соработка, во кој детално ќе се уредат прашањата за начинот и условите за вршење на заедничката надлежност, начинот на исплата на финансиските средства и други прашања од значење за меѓуопштинската соработка.

Во рамки на денешната седница, советниците едногласно ја поддржаа Предлог – Одлуката со која Советот даде согласност, Општина Карпош да аплицира на Јавниот повик насловен како „Повелба на градоначалници на Југоисточна Европа – Зелени шампиони 2026 година“. Крајниот рок за аплицирање на Јавниот повик е 24 март 2026 година, а инаку станува збор за проект за имплементирање на мерки од областа на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија, во рамки на спортската сала „Наум Наумовски – Борче“. Воедно, Општината ќе аплицира на споменатиот Јавен повик чија крајна цел е поставување на комбиниран фотоволтаичен систем (фотоволтаици и соларни панели), на покривот на спортската сала „Партизан“, за добивање на електрична и топлинска енергија за потребите на култниот спортски објект.

Советот го усвои и Годишниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за 2025 година, како и Годишната сметка на Буџетот на локалната самоуправа за 2025 година. Во таа насока беше усвоена и Завршната сметка на Општина Карпош за 2025 година, која е изработена врз основа на Законот за буџетите и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Според образложението на овој документ, вкупните приходи на консолидираниот буџет се предвидени во износ од 1.872.582.953 денари и се релизирани вкупни приходи во износ од 1.533.995.339 денари или поточно 82% на реализација. Додека пак, приходите на општинскиот буџет се предвидени во износ од 1.061.771.953 денари, а се реализирани приходи во вкупен износ од 779.791.945 денари, или вкупно 73% на реализација во однос на Буџетот.

Со истата динамика, советниците ја поддржаа и Предлог – Одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2026 година. Во Предлог – Одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2025 година се предлага да се извршат измени во расходниот дел на Буџетот.
За таа намена, измени се вршат во колоната на Буџет во програмата EOO-Oпштинска администрација каде што се врши намалување на контата Привремени вработувања во износ од 3.000.000 денари, и се намалуваат средствата во износ од 4.800.000 денари, на конто Плаќање по судски решенија. Исто така се намалуваат средствата и во програма ВАА – Капитални расходи за детски градинки на конто Реконструкција на други објекти во износ од 4.800.000 денари. Се намалуваат средствата и во програма ФАО-Уредување на градежно земјиште, на конто надомест за одземен имот во износ од 2.400.000 денари. Средствата во програмата ВАА-Капитални расходи за детски градинки се зголемуваат во износ од 15.000.000 денари, на конто Купување на друг мебел, а зголемувањето на средствата е заради купување на нов мебел за потребите на новоизградената детска градинка „Мајски Цвет“ во Тафталиџе 1.

Со поддршка на Советот беше усвоена Одлуката за формирање на Локален Совет за превенција на Општина Карпош, како советодавно и координативно тело кое ќе остварува соработката и ќе го зајакне влијанието на јавноста во работата на полицијата. Целта на Локалниот Совет за превенција се состои во изградба за заеднички препораки за подобрување на јавната безбедност на подрачјето на општина Карпош, како и градење на доверба и партнерски односи во превенирањето на појавите што влијаат на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата. Со Локалниот Совет за превенција заседава градоначалникот Сотир Лукровски, а на покана од Општината учествуваат претставници од локалната и централната власт, како и од различни владини и невладини организации и други релевантни субјекти, кои по потреба се вклучуваат во работата на Советот.

Консензус беше постигнат и за Предлог – Одлуката за давање согласност за користење на Малата сала, која е составен дел од спортската сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан. Во случајов, корисниците имаат право да го користат објектот, во точно утврдените (бараните) термини и само за извршување на дејностите за кои што е наменет објектот (боречки спортови, фолклор, модерни танци, аеробик, пилатес и сл.). За истата цел беше поддржана Одлуката за давање согласност за користење на повеќенаменската сала, која е дел од спортскиот објект „Наум Наумовски Борче – Партизан“. И во овој случај корисниците имаат право да ја користат салата, во точно утврдените (бараните) термини и само за извршување на дејностите за кои што е наменет објектот (кошарка,фудбал,одбојка и ракомет). Позитивно мислење доби и Предлог – Одлуката за давање согласност за користење на хол за пинг понг, кој исто така е дел од спортската сала „Наум Наумовски Борче“. Висината на надоместокот за користење на делот од салата „Партизан“ за намена пинг – понг за времетраење од 60 минути (еден термин) ќе изнесува 300 денари со вклучен ДДВ.

Советниците дадоа „зелено светло“ за Предлог – Одлуките со кои Општина Карпош ќе додели парични средства во вид на финансиска помош, за лекување на двајца нејзини жители. Согласност доби и Предлог – Решението за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување на член во Управниот одбор на детската градинка „Орце Николов“.

To top