Денеска, во училиштето „Св, Кирил и Методиј“ во Кочани била приена дојава за поставена бомба, при што учениците од предметна настава биле евакуирани.
Како што се вели во соопштението од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, служби од МВР веднаш извршиле проверка, а било констатирано дека дојавата е лажна. Не постои никаква опасност за безбедносста на учениците и вработените во училишниот објект.
ОУ „Св.Кирил и Методиј“ од Кочани со соопштение официјално и се обрати на јавноста инфорормирајќи за настанот од утринските часови, кога добиле дојава за поставена бомба во училишниот објект и порачува дека по спроведената проверка од надлежните служби од МВР е утврдено дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект поради што наставата продолжува непречено.
Наставата продолжува непречено, согласно боспоставената динамика, потенцираат во соопштението.