Храна и Пијалаци

Ладна салата со тестенини

Ладната салата со тестенини е лесно и освежително јадење. Се подготвува едноставно, а комбинацијата од свеж зеленчук, кашкавал и ароматичен прелив ѝ дава богат и избалансиран вкус.

Ладна салата со тестенини

Потребни состојки:

  • 300 грама тестенини (Фусили)
  • 150 грама шери домати
  • 1 свежа краставица
  • 2 јајца варени
  • 100 грама кашкавал
  • 100 грама суво месо
  • малку свеж спанаќ
  • 30 грама пармезан
  • За преливот:
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка сув зеленчук
  • свежо мелен црн бибер по вкус
  • сок од половина лимон

Начин на подготовка:
Во зовриена посолена вода сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Сварените тестенини процедете ги и изладете ги под млаз ладна вода.
Во длабок сад за салата ставете ги изладените тестенини. Додајте ги шери доматите, краставицата исечена на коцки, варените јајца исечени на кришки, парчињата суво месо, листовите млад спанаќ, сечканиот кашкавал на коцки и ренданиот пармезан.
За преливот измешајте маслиново масло, зачин од сув зеленчук, свежо мелен црн бибер и исцеден лимонов сок. Добро промешајте го преливот и прелијте го врз состојките за салатата. Салатата нежно промешајте ја за да се соединат сите состојки. Послужете ја веднаш или оставете ја во фрижидер до моментот на сервирање.

To top