Свет блиски исток

Едно лице убиено во ирански напад врз Бахреин

Едно лице е убиено, а неколку други се повредени во ирански напад врз станбена зона во главниот град на Бахреин, Манама, соопшти рано утрово Министерството за внатрешни работи на земјата.

„Првичните податоци покажуваат дека едно лице е убиено, а неколку други се повредени во очигледен ирански напад врз станбена зграда во главниот град“, напиша Министерството на социјалната мрежа „Х“.

Во меѓувреме, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) утрово објавија дека нивниот генерален конзулат во ирачки Курдистан бил нападнат со дрон.

Овој напад „претставува опасна ескалација и закана за регионалната безбедност и стабилност“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на ОАЕ.

Пријавена е материјална штета, но нема жртви, додаде истиот извор.

„Нападот врз дипломатски мисии и простории е грубо кршење на сите меѓународни правила и закони“, додаде Министерството. Не прецизираше од каде е лансиран дронот и ги повика локалните власти да ги истражат околностите околу овој напад за да ги идентификуваат одговорните.

Најнови вести од Свет

To top