Фудбал

Манчестер Сити и Ливерпул ќе се судрат во четвртфиналето на ФА Купот

Манчестер Сити и Ливерпул ќе се судрат во четвртфиналето на ФА Купот

Извлечени се двојките за четвртфиналето, па љубителите на фудбалот можат да очекуваат интересни натпревари.

Средбите од оваа фаза се закажани за 4 и 5 април. Во четвртфиналето ќе настапат шест екипи од Премиер лигата, еден клуб од Чемпионшип и еден тим од втората лига.

Најголемо внимание се очекува да привлече дербито меѓу Манчестер Сити и Ливерпул, два клуба кои важат за главни претенденти за трофејот. Овој натпревар ќе се одигра на стадионот „Етихад“.

Арсенал ќе гостува кај Саутемптон, додека Челси ќе се соочи со Порт Вејл и ќе ја има улогата на фаворит.

Лидс, пак, ќе го добие својот противник по дуелот меѓу Вест Хем и Брентфорд, од кој ќе биде познат последниот учесник во четвртфиналето.

To top