Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г.П.(27) од село Ангелци, струмичко, кој се барал со централна потерница заради бегство од струмичкиот затвор.
Како што сопштија од СВР Струмица, при апсењето кај него била пронајдена марихуана, а во службен разговор признал дека лани во декември и јануари годинава на подрачјето на Струмица извршил четири кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“.
За настанот е запознат јавен обвинител од ОЈО Струмица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.