Офанзивниот фудбалер на Борнмут, Маркус Таверниер, се наоѓа на списокот на Манчестер Јунајтед како потенцијална трансферна цел за оваа лето.
Минатата недела привремениот менаџер на „црвените ѓаволи“, Мајкл Карик, потврди дека тимот мора да се засили токму на таа позиција.
На списокот се наоѓаат и ѕвездата на Нотингем Форест, Морган Гибс-Вајт, како и големиот талент на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, но тие би биле значително поскапи опции, а интересот за нив е многу поголем.
Таверниер има добра сезона и досега запиша шест голови и пет асистенции. Тој има договор со Борнмут до 2029 година, а неговата цена се проценува на околу 40 милиони фунти.
Интерес за негов ангажман покажуваат и Астон Вила и Нотингем Форест.