Сирени за воздушна опасност утрово се огласија во северен и јужен Израел, предупредувајќи за ирански ракети. Властите засега не соопштуваат за настрадани лица или за предизвикана материјална штета во овој последен напад.
Израелската противвоздушна одбрана реагираше на најмалку два брана ракети истрелани од Иран кон израелска територија, се наведува во соопштението на армијата. Предупредувањата првично беа активирани во голем дел од северен Израел, вклучувајќи го и пристанишниот град Хајфа, по што командата на внатрешниот фронт нареди жителите веднаш да заминат во засолништата.
Подоцна, воздушна опасност беше прогласена и во целиот јужен дел на земјата, како и во делови на окупираниот Западен Брег. Израелските медиуми јавуваат дека повеќето од проектилите биле успешно пресретнати.
Од почетокот на војната против Иран на 28 февруари, во ракетните напади врз Израел животот го загубија најмалку 10 лица.