Откако беше слободен во првото коло, Новак Ѓоковиќ славеше во второто коло на Индијан Велс против Полјакот Камил Мајхшак со 2:1 во сетови.
Почетокот на мечот воопшто не беше според планот на Ѓоковиќ.
Првиот сет го загуби со 6-4.Ѓоковиќ го доби вториот сет со убедливи 6:1. Во третиот сет при резултат 2:2 во гемови, по голема борба Ѓоковиќ успеа да направи брејк и едноставно да го скрши отпорот на противникот.
По тој освоен гем, Ѓоковиќ издоминира до крајот и го доби сетот со 6:2, што значеше и крај за 57-мо рангираниот тенисер на АТП листата.