Раперот кој стана политичар Балендра Шах го победи поранешниот непалски премиер Кхадга Прасад Шарма Оли во неговата изборна единица „Џапа-5“ на парламентарните избори во Непал, јпокажуваат резултатите од пребројувањето на гласовите објавени од изборната комисија.
Според последните податоци од пребројувањето, 35-годишниот поранешен градоначалник на Катманду и кандидат за премиер од центристичката Национална независна партија („Раштрија Сватантра“) освоил повеќе од 47.500 гласови.
Со ова водство, Шах веќе не може да биде стигнат од 74-годишниот Оли, чија влада претходно беше принудена да поднесе оставка по протестите предводени од млади од генерацијата „Зет“, кои ја потресоа земјата.