Свет ЕУ

Европската комисија му одговори на Зеленски: Заканите кон земји-членки на ЕУ се неприфатливи

– Конкретно во врска со коментарите дадени од претседателот Зеленски, ние како Европска комисија сме многу јасни дека таков вид јазик не е прифатлив – изјави Гил. – Не смее да има закани кон земјите-членки на ЕУ – потенцираше тој.

Европската комисија му одговори на Зеленски: Заканите кон земји-членки на ЕУ се неприфатливи

Европската комисија упати остри критики до украинскиот претседател Володимир Зеленски поради неговите неодамнешни закани упатени кон унгарскиот премиер Виктор Орбан, нарекувајќи го таквиот вокабулар „неприфатлив“.

Портпаролот на Комисијата, Олоф Гил, изјави дека ЕУ е многу јасна по ова прашање и дека не смее да има закани против земји-членки. Реакцијата на Брисел уследи по изјавата на Зеленски во која тој сугерираше дека доколку Орбан не го одблокира заемот од 90 милијарди евра, адресата на „тоа лице“ ќе им биде дадена на украинските војници за со него да зборуваат на „нивниот јазик“.

– Конкретно во врска со коментарите дадени од претседателот Зеленски, ние како Европска комисија сме многу јасни дека таков вид јазик не е прифатлив – изјави Гил. – Не смее да има закани кон земјите-членки на ЕУ – потенцираше тој.

Унгарскиот премиер Орбан, коментирајќи ги заканите, порача дека блокадата на нафтата ќе биде разбиена и дека заканите по неговиот живот нема да го поколебаат.

Министерот за надворешни работи Петер Сијарто додаде дека украинскиот лидер ги поминал „сите граници“.

Тензиите меѓу Киев и Будимпешта ескалираа во јануари кога Украина го запре протокот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, што Унгарија и Словачка го оценија како „енергетска уцена“.

To top