Фудбал

Лапорта и Фонт потврдени кандидати за претседател на Барселона

Лапорта и Фонт потврдени кандидати за претседател на Барселона

На претседателските избори во Барселона ќе има двајца кандидати.

Жоан Лапорта и Виктор Фонт се официјално регистрирани како кандидати за претседател на Барселона.

Изборната комисија се состана денес, а резултатите од верификацијата на потписите собрани од потенцијалните кандидати беа јавно објавени.

Лапорта прикажа 8.170 потписи во негова поддршка, а комисијата одобри 7.226 од нив.

Од 5.144 потписи поднесени од Фонт, 4.440 беа одобрени.

Марк Сирија, поднесе 2.845 потписи, но само 2.247 беа одобрени. За да се регистрирате како кандидат, потребни се минимум 2.337 одобрени потписи. Затоа, Сирија нема да учествува на изборите.

Претседателските избори во Барселона ќе се одржат на 15 март. Доскорешен претседател на каталонската фудбалска гордост беше Жоан Лапорта кој неодаман ја напушти функцијата за да моќе да се кандидира за нов мандат.

Клубот привремено го води управа на чело со Рафаел Жусте.

To top