Фудбал

УЕФА: Шампионите на Јужна Америка и Европа ќе играат во Доха

УЕФА: Шампионите на Јужна Америка и Европа ќе играат во Доха

Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) и натаму планира Катар да биде домаќин на натпреварот Аргентина-Шпанија, познат како „Финалисима“, и покрај конфликтот на Блискиот Исток.

– Моментно не се разгледуваат алтернативни места.

Конечната одлука се очекува до крајот на следната недела – соопшти УЕФА за натпреварот закажан за 27 март помеѓу актуелните јужноамерикански и европски шампиони.

Аргентина и Шпанија треба да играат на стадионот Лусаил, местото на епското финале на Светското првенство во 2022 година во кое Аргентина ја победи Франција на пенали.

 

To top