Македонија

ОЈО Скопје бара нови 48 часа притвор за Стојанче Јовановски

ОЈО Скопје бара нови 48 часа притвор за Стојанче Јовановски

Скопското обвинителство бара продолжување на притворот за нови 48 часа за Стојанче Јовановски, осомничен за повеќе кривични дела, а по падот на неговите сопруга и 6-годишната ќерка од тераса во скопски Карпош.

-Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа, бидејќи се постапува по издадените наредби за вештачење на три мобилни телефони и на други предмети, се обезбедуваат и анализираат видео записи од повеќе критични локации, а се обезбедува и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и починатата жена, информираат од Обвинителството.

Дополнително се преземаат и други дејствија од значење за докажување на кривичните дела чии елементи се испитуваат во моментов.

Најнови вести од Македонија

To top