Сириец е осуден на 13 години затвор за напад врз шпански турист во Споменикот на холокаустот во Берлин минатата година, соопшти вчера Вишиот регионален суд во Берлин, јави ДПА.
Обвинетиот е прогласен за виновен за обид за убиство и обид за членство во странска терористичка организација.
Обвинителите опишаа дека нападот бил мотивиран од радикален исламизам и антисемитизам.
Шпанската жртва на 21 февруари лани го посетила местото, што е во спомен на шестте милиони Евреи убиени од нацистичка Германија во холокаустот, кога бил избоден во грб. Тој претрпел повреди опасни по живот и морал да се подложи на итна операција.
Обвинетиот, сириски бегалец, бил приведен со крвави раце во близина на споменикот по нападот, потсетува ДПА.