Култура СО НЕСОПИРЛИВА ТЕАТАРСКА ДИНАМИКА

По 100 изведби: МНТ со „Кец на десетка“ ќе гостува на „Кичево – град на културата 2026“

Репертоарската претстава на МНТ, која веќе девет години континуирано ја освојува публиката, носи сценска свежина, колективна актерска синергија, препознатлива
динамика, духовитост и непосредна комуникација со гледачите.

По 100 изведби: МНТ со „Кец на десетка“ ќе гостува на „Кичево – град на културата 2026“

Со хит претставата „Кец на десетка“, која неодамна јубилејно беше одиграна по 100-ти пат, Македонскиот народен театар ќе гостува во Домот на културата Кичево, на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“.

Со изведбата на „Кец на десетка“, на 5 март во 20 часот, свечено ќе биде отворена театарската програма на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“.

Репертоарската претстава на МНТ, која веќе девет години континуирано ја освојува публиката, носи сценска свежина, колективна актерска синергија, препознатлива
динамика, духовитост и непосредна комуникација со гледачите.

Токму оваа искрена и топла театарска естетика, симболично ќе ја отвори театарската програма на „Кичево – Град на културата 2026“ , манифестација која во текот на годинава
најавува реализација на 150 настани – концерти, изложби, фестивали, книжевни средби, филмски и мултимедијални проекти. Со тоа, градот ја степенува важноста на културата
пред домашната и регионалната публика.

Со гостувањето на „Кец на десетка“, театарската уметност станува првиот гласник на оваа целогодишна прослава на културата и најавува година исполнета со разновидно живо
творештво.

Најнови вести од Култура

To top