Колумбиската пејачка Шакира беше поврзана со Луис Хамилтон по разводот од Жерар Пике, но се чини дека таа е повторно среќно заљубена дури сега. Како што објавија странските медиуми, пејачката ја потврди својата врска со 15 години помладиот актер кого публиката го познава од серијата „Емили во Париз“.
Во прашање е 38-годишниот Лусиен Лависконт, кој ја играше улогата на Алфи во споменатата серија.
Шпекулации за врската меѓу Шакира и актерот се шират веќе неколку месеци. Двајцата се запознаа за време на снимањето на нејзиниот музички спот за песната „Puntería“ за 2024 година, каде што тој го играше нејзиниот љубовен партнер.
Тешко беше да не се забележи нивната хемија на екранот, а обожавателите брзо почнаа да се прашуваат дали станува збор за нешто повеќе од само глума. Набргу потоа, двајцата беа видени како вечераат заедно во Њујорк, што ги поттикна шпекулациите.
-Се гледаат, но сè уште не станало многу сериозно, велат извори блиски до пејачката.
По болното и јавно раскинување со Жерар Пике, кое Шакира го претвори во хит албум, нејзините пријатели се малку загрижени. Многу од нив се плашат дека Лусиен ќе ѝ го скрши срцето.
-Шакира очајно сака љубов, но нејзините пријатели се плашат дека тој е „играч“ кој само сака неговото име да се чуе низ целиот свет, а таа му го овозможува тоа, открива изворот.
View this post on Instagram