Свет

Иранската војска напаѓа курдски групи во Ирак

Иранската војска соопшти дека повторно ги гаѓала курдските групи во соседен Ирак, јави ДПА.

Иранската војска напаѓа курдски групи во Ирак

Иранската војска соопшти дека повторно ги гаѓала курдските групи во соседен Ирак, јави ДПА.

Три ракети беа истрелани врз седиштето на опозициските групи, објави денеска државната агенција ИРНА, повикувајќи се на военото раководство во Техеран.

Иранскиот пропаганден канал Прес ТВ објави видеа за кои рече дека покажуваат удари врз позициите на „антииранските сепаратисти“, пренесува германската агенција.

Американските медиуми неодамна објавија дека претседателот Доналд Трамп размислува за вооружување на курдските групи за да поттикне востание против раководството на Иран. Белата куќа ги негираше извештаите.

Меѓутоа, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, потврди дека Трамп разговарал со курдските лидери во регионот во врска со американската база во северен Ирак.

Курдите се етничка група од околу 30 милиони луѓе кои живеат првенствено во Ирак, Иран, Сирија и Турција.

Тие со децении се борат за своја држава и долго време биле прогонувани и потиснувани и во Ирак, во Иран и во Турција. Автономниот курдски регион во Ирак беше основан по соборувањето на диктаторот Садам Хусеин во 2003 година, потсетува ДПА.

To top