Ракомет

Манасков: Ова е патот по кој што треба да се движиме, тешко дека некој ќе нè победи во Битола

Манасков: Ова е патот по кој што треба да се движиме, тешко дека некој ќе нè победи во Битола

Искусниот крило Дејан Манасков вчера беше еден од клучните фактори на пелистерци, а зад своето име го запиша и последниот погодок на натпреварот (34-34) со големиот ПСЖ.

По средбата ги искажа своите впечатоци од освоениот бод против францускиот шампион.

„Немав многу време да се подготвам за овој натпревар. Тренирав само вчера така што можам да бидам задоволен. Возбудлив натпревар, можеше да заврши и со нашата победа, но и со пораз. На крај успеавме да постигнеме гол во самиот финиш и да освоиме бод.

Мислам дека се покажавме во одлично светло за последен пат оваа сезона во Лигата на шампионите ви Битола. Ова е патот по кој што треба да се движи тимот понатаму во првенството. Кога играме на вакво ниво и пред својата публика, тешко дека немој може да нè победи во Суперлигата. Треба повеќе да веруваме во себе и да ги намалиме техничките грешки во клучните моменти“, рече Манасков.

Голот за реми на Манасков беше негов петти на натпреварот, со што го направи втор стрелец во тимот на Еурофарм Пелистер, зад капитенот Филип Кузмановски кој запиша десет погодоци.

To top