Европската фудбалска федерација – УЕФА ги одреди официјалните лица за плеј-оф натпреварите во баражите за СП.
Македонија ќе ѝ гостува на Данска во полуфиналниот сегмент од баражот, а веќе се познати и судиите за натпреварот. Правдата во Копенхаген ќе ја дели искусниот германски судија Феликс Цвајер.
Помошниците се исто така Германци, а крај аут-линиите ќе бидат Роберт Кемптер и Кристијан Диц, додека четврти судија е Даниел Шлагер.
Во ВАР собата главен ќе биде Бастијан Данкерт, а Саша Штегеман ќе биде асистент. Делегат на натпреварот е Жоао Мораиш од Португалија.
Натпреварот во Копенхаген меѓу Данска и Македонија се игра на 26 март.