Македонија Собрание на рм

Адмир Шабани во одбрана, Дритон Сулејмани во образование – избрани заменици министри

Собранието во рамки на 90. седница денеска со 71 глас „за“ и 11 „против“ за заменик министер за одбрана го избра Адмир Шабани, додека за заменик министер за образование и наука Дритон Сулејмани.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски образложувајќи ги предлозите истакна дека изборот на двајца заменици министри, е решение кое не е само кадровска одлука, туку дел од поширокиот процес на зајакнување на институциите, на враќање на довербата во државата и на градење систем кој работи во интерес на граѓаните.

-Нашата обврска како Влада е да поставиме луѓе кои имаат знаење, интегритет и чувство за државна одговорност. Луѓе кои ќе работат посветено, професионално и чесно, во служба на државата и на сите граѓани, рече Мицкоски.

Мицкоски во дебатата одговори на обвинувањата на Халил Снопче од Алијансата на Албанците, кој го критикуваше предлогот за заменици министри но и работата на Владата.

– Народот ви даде кредит, и вие треба да ги исполните ветувањата, рече Снопче искажувајќи забелешки за реализацијата на програмата на владејачките партии. Пратеникот рече дека никогаш претходно потрошувачката кошничка не била поскапа, како и енергијата, дека нема напредок во правосудството, и меѓудругото зборуваше и за меѓуетничките односи, криминалот и корупцијата.

Најнови вести од Македонија

To top