Живот и Стил Празник

Се празнуваат светите маченици Ермил и Стратоник: После жестоко измачување и двајцата биле удавени во Дунав

Свети Ермил бил ѓакон кој многу се прославил со добродетелниот живот

Се празнуваат светите маченици Ермил и Стратоник: После жестоко измачување и двајцата биле удавени во Дунав

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 јануари.

Денеска е Св. маченици Ермил и Стратоник.

Овие двајца маченици пострадаа во близина на Сингидунум, денешен Белград, во 315 година. Свети Ермил бил ѓакон кој многу се прославил со добродетелниот живот. Штом чул за него, императорот Ликиниј наредил да го затворат. Ноќта во затворот стражарот Стратоник го видел Ермила како разговара со еден ангел, по што се обратил и поверувал во Христа.

Наредниот ден Ермил бил ставен на маки. Гледајќи како го измачуваат, Стратоник не можел да ги задржи солзите, со што било откриено неговото обраќање. После жестоко измачување и двајцата биле удавени во Дунав.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Тимотеј и Тит.

По Празникот Обраќање на свети Павле, црквата го слави и именденот на двајцата негови ученици и помошници: Тимотеј и Тит. Тимотеј бил роден во Листре во Мала Азија. Татко му бил паганин, а мајка му Еврејка. На своето прво мисиско патување, Тимотеј му се обратил на Павле и оттогаш станал негов најмил ученик. Тимотеј ги вложил сите сили во ширењето на Исусовата Радосна вест. Свети Тит потекнува од паганско грчко семејство.

По обраќањето, го следел Павле на третото мисиско патување. Тимотеј и Тит биле добри бискупи и пастири на младото стадо на Христос, на кое секогаш му давале пример на светиот христијански живот.

To top