Папата Лав Четиринаесетти апелираше за мир на општата аудиенција што се одржа денеска на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, по нападите на САД и Израел врз Иран и иранската одмазда што отвори нов конфликт на Блискиот Исток.
„Да го продолжиме нашето патување за време на Велигденскиот пост во духот на покајание и преобраќање, барајќи Божја милост и мир за себе и за целиот свет“, рече папата, пренесува италијанската новинска аегнција АНСА.
САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари, откако на преговорите за иранската нуклеарна програма не е постигнат договор, што го натера Иран да возврати со воздушни напади врз Израел и соседните земји, велејќи дека тие станале цели поради американското присуство и воените бази. (МИА)