Економија државен завод за статистика

БДП во 2025 година пораснал за 3,5 отсто

Во четвртото тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 14.6 % и Стручни, научни и технички дејности,  8.1 % во Административни и помошни услужни дејности.

БДП во 2025 година пораснал за 3,5 отсто

Бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година порасна за 3.8 % во однос на истиот период од 2024 година. Стапката на раст на БДП во 2025,  пак, во однос на 2024 година е 3.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 14.6 % и Стручни, научни и технички дејности,  8.1 % во Административни и помошни услужни дејности.

Финалната потрошувачка во четвртото тримесечје од 2025 година номинално расте за 6.4 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 77.9 %.

Бруто-инвестициите во четвртото тримесечје од 2025 година номинално растат за 5.0 % како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.

Според сезонските и календарски прилагодените  податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година, во однос на четвртото тримесечје од 2024 година, е 3.4 %.

Поврзани теми

Најнови вести од Економија

To top