Свет историјат на воените интервенции на сад

Хронологија на режимите сменети од САД со воена интервенција

Ниту една држава нема поголемо искуство со таканаречени операции за „промена на режим“ од САД. Според една студија, само за време на Студената војна (1947–1989) Вашингтон презел 72 обиди да ја промени рамнотежата на моќ во странство во своја корист. Најголемиот дел од нив (64 случаи) биле тајни разузнавачки операции, со успех од околу 40%.

Хронологија на режимите сменети од САД со воена интервенција

Со децении наназад, различни американски претседатели користеа воена сила или тајни операции за отстранување неподобни влади во странство. Резултатите на овие интервенции се мешани – и зависат од тоа што се смета за „успех“.

Во актуелниот конфликт со Иран, САД и Израел од самиот почеток јасно наведоа дека нивната цел е елиминирање на секоја иднa нуклеарна или конвенционална закана од Техеран и соборување на ослабениот режим на мулите, анализира ДВ.

Историја на американските операции за промена на режим

Ниту една држава нема поголемо искуство со таканаречени операции за „промена на режим“ од САД. Според една студија, само за време на Студената војна (1947–1989) Вашингтон презел 72 обиди да ја промени рамнотежата на моќ во странство во своја корист. Најголемиот дел од нив (64 случаи) биле тајни разузнавачки операции, со успех од околу 40%.

Во 1953 година ЦИА и британскиот МИ6 го соборија иранскиот премиер Мохамед Мосадек. Но, последиците беа далекусежни: шахот Мохамед Реза, кој дојде на власт по државниот удар, сè повеќе се сметаше за „америчка марионета“, што придонесе за Исламската револуција во 1979 година. Теократскиот режим кој тогаш се воспостави и денес е цел на американско-израелските воздушни напади.

Подолу следува преглед на дел од најзначајните американски тајни или отворени операции за промена на режим.

Либија (2011)

Со почетокот на „Арапската пролет“, во 2011 година отпорот против либискиот лидер Муамер ел Гадафи брзо растеше. Администрацијата на Барак Обама застана на страната на Националниот преоден совет.

САД, Франција и Велика Британија започнаа воздушни напади, подоцна спроведувани под НАТО‑операцијата „Обединет заштитник“. Во октомври 2011 година, американски дрон и француски борбен авион го нападнаа конвојот на Гадафи, кој подоцна беше убиен од борци на Преодниот совет.

И речиси 15 години подоцна, Либија останува политички поделена и нестабилна.

Ирак (2003)

На 1 мај 2003 година, кратко по соборувањето на диктаторот Садам Хусеин, американскиот претседател Џорџ В. Буш прогласи крај на воените операции со славниот натпис „Мисијата е исполнета“.

Буш најави постепен премин кон демократија, но окупацијата дури дополнително ги ослаби институциите. Шиитски милиции поддржани од Иран се судрија со сунитските сили, а во вакуумот на моќ се издигна терористичката организација ИСИС, дестабилизирајќи го Ирак, Сирија и регионот.

Американскиот историчар Џозеф Стиб смета дека Вашингтон тогаш погрешно претпоставил дека либералната демократија автоматски ќе превладее по падот на диктатурата.

Авганистан (2001)

Само четири недели по нападите од 11 септември, САД ја започнаа операцијата „Трајна слобода“. Талибанскиот режим беше брзо соборен, но новата влада, поддржана од Западот, имаше ограничена контрола.

Со повлекувањето на меѓународните сили од 2014 година, талибаните повторно зајакнаа, а во 2020 година администрацијата на Доналд Трамп постигна договор за повлекување на американските сили.

По последното повлекување под водство на претседателот Џо Бајден во 2021 година, талибаните повторно ја презедоа целосната власт.

Панама (1989)

Во 1980‑тите Панама беше под диктатурата на Мануел Нориега, поранешен соработник на ЦИА кој стана товар за Вашингтон. Под негово водство, земјата беше центар на трговија со дрога, а САД стравуваа и за иднината на Панамскиот канал.

Откако опозицискиот кандидат Гијермо Ендара победи на изборите во 1989 година, Нориега одби да ги признае резултатите. Ескалацијата кулминираше со американската операција „Праведна кауза“.

На 20 декември Ендара беше поставен за претседател, а Нориега се предаде две недели подоцна. Операцијата чинеше 331 милион долари.

Гренада (1983)

Карипската држава Гренада од 1979 година политички се повеќе се приближуваше кон Советскиот Сојуз. По убиството на премиерот Морис Бишоп, американскиот претседател Роналд Реган—со поддршка од неколку карипски држави, но спротивно на позицијата на Британија—нареди инвазија.

По повлекувањето на американските сили, беше воспоставена преодна влада именувана од кралицата Елизабета II.

Доминиканска Република (1965)

По неколку пучеви и закана од граѓанска војна, САД интервенираа по одлука на Организацијата на американските држави. Официјалната цел беше заштита на американските државјани.Неофицијално – спречување на создавање „втора Куба“ во време на Студената војна.

Со ангажман до 44.400 војници, САД обезбедија доаѓање на проамериканска влада.

Случајот Венецуела – уште без епилог

Потенцијалната најнова операција сè уште нема конечна оценка. На почетокот на јануари 2026 година, претседателот Доналд Трамп нареди апсење и присилно префрлање на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во САД, каде што треба да му се суди за „наркотероризам“.

Во Каракас, власта ја презеде неговата поранешна заменичка Делси Родригез. Иако е дел од структурата на Мадуро, Трамп најави соработка со неа, со очекување дека САД ќе добијат пристап до големите нафтени резерви на земјата.

Истовремено, добитничката на Нобеловата награда за мир за 2025 година, Марија Корина Мачадо, исто така најави враќање во Венецуела со цел да ја води земјата кон демократија. Два месеца по интервенцијата, исходот и насоката во која ќе се движи државата сè уште се неизвесни.

Најнови вести од Свет

To top