Свет поради војната со Иран и ризикот од одмазда

Околу 9.000 Американци го напуштиле Блискиот Исток, од кои 300 од Израел

„Во текот на изминатите неколку дена, повеќе од 9.000 американски граѓани безбедно се вратија од Блискиот Исток, вклучувајќи повеќе од 300 од нив од Израел“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Околу 9.000 Американци го напуштиле Блискиот Исток, од кои 300 од Израел

Приближно 9.000 американски државјани го напуштиле Блискиот Исток поради војната со Иран и ризикот од одмазда, објавија синоќа американските власти.

„Во текот на изминатите неколку дена, повеќе од 9.000 американски граѓани безбедно се вратија од Блискиот Исток, вклучувајќи повеќе од 300 од нив од Израел“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Со организирани чартер летови патниците беа евакуирани од Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Јордан, се додава во соопштението.

Стејт департментот во понеделникот ги повика Американците низ Блискиот Исток, од Египет кон исток, да го напуштат регионот преку комерцијални патишта, иако аеродромите се затворени или работат под строги ограничувања во поголемиот дел од регионот. (МИА)

To top