Барселона беше елиминирана од Копа дел реј, но уште поголем проблем за тренерот Чави е тешката повреда што ја заработи левиот бек Алехандро Балде, пред кого сега е долга пауза од фудбалските терени.
Деталните прегледи покажале дека станува збор за повреда на бицепсот на десната нога, но иако вообичаено при повреди на мускулите паузата не е подолга од два месеци, овојпат ситуацијата е многу посериозна.
Балде ќе мора да замине на хируршки зафат, по што ќе претстои пауза од најмалку четири месеци, што би значело дека за офанзивниот лев бек оваа сезона предвреме е завршена.