Скопје јавен повик

Општина Aеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања

Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.

Општина Aеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања

Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.

Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.

Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.

Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.

Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.

Подетални информации и потребните обрасци се достапни на линкот.

To top