Фудбал

Манчестер Јунајтед ќе му понуди тригодишен договор на Мајкл Карик

Манчестер Јунајтед ќе му понуди тригодишен договор на Мајкл  Карик

По заминувањето на легендарниот Сер Алекс Фергусон, Манчестер Јунајтед конечно го најде решението за својот најголем проблем – со Мајкл Карик на клупата, тимот доживеа вистинска ренесанса и почна да победува редовно.

Мајкл Карик дојде како преоден тренер по отказот на Рубен Аморим и досега тимот го водеше на седум натпревари каде има шест победи и едно реми.

Според најновите информации, менаџментот на клубот е подготвен да му понуди тригодишен договор вреден 16 милиони фунти, кој многу веројатно Карик ќе го прифати.

To top