Ракомет

Митровиќ: Сакаме да ја победиме Бенфика!

Митровиќ: Сакаме да ја победиме  Бенфика!

На еден ден пред натпреварот со Бемфик освен тренерот Иван Чупиќ се обрати и Урош Митровиќ.

„Последниот натпревар со Бенфика не мина најдобро. Не се покажавме во д0бро светло на таа средба. Поради тоа, својот квалитет ќе го докажеме утре, мора да се реваншираме бидејќи во Лисабон не успеавме да се покажеме во вистинско светло. Утре ќе дадеме сè од себе на теренот, за екипата, еден за друг и за навивачите кои ќе дојдат да не бодрат“.

На табелата моментално Мелсунген има шест бода, а Вардар и Бенфика по четири, додека Кристијанштад е последен со два.

Средбата меѓу македонскиот и португалскиот тим се игра во вторник во 20:45 часот.

To top