Македонија Колумни црпко од дубаи „киднал“ во африка?

„Лидерот“ е гол, башка бос…

Поистоветувањето на Македонија со Иран и Венецуела е саде уште еден јасен доказ колку многу гори под нозете на Венко и Црпко. Соочени со враќањето на Груби, рекетот врз Митрев, Модуларната и тоните марихуана, ќе колат и молат, ќе коленичат и лажат, ќе ја кодошат лажно сопствената држава, абе ќе гризаат, гребат, ќе удираат под пазуви. Се’ и се’ само за да останат на слобода. Макијавели, вода да им носи. Слободата (целта), ги оправдува средствата на патетичните „моторџии“ од короната.

„Лидерот“ е гол, башка бос…

Ако некој и се сомневаше во плиткотијата на „лидерот“ на СДСС, веќе никој нема дилема околу ова. Плитко, плитко ѓоамити Маркова река среде лето. Море, и поплитко…

Не дека не знаевме, но пофер е кога лично ќе се самодемистифицира, кога ќе си признае самиот. А, се’ си кажа. Поачик, здравје. Видовме колку е политички гол, башка национално бос. Мака да ви падне, со гајди да го жалите ајванот…

Во кодошки наплив на кој и Коте од Руља би му подзавидел, Венко наклевети дека сме биле, ни помалку, ни повеќе, туку исти како Венецуела и Иран?!?!

„Меѓутоа, добро е да се каже дека Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер, треба да знаат дека овде во нашава земја има власт со многу слични карактеристики на тие авторитарни режими со кои тие се справуваат“, нагласи со сиот ум Филипче од Руља.

И сега, „шу прајме“?

Е, сега останува „лидерот“ да си каже што преферира. Што, поточно, порача, посака и поверојатно сонил? Не дека некој го смета „за жив“, ама овде се работи за ниетот и желбата на „претседателот“ на СДСС. Значи, нека биде фер и нека појасни  – дали Венко сака некој државниот врв да ни го киднапира со „саде“ 50-на мртви војници и полицајци како во Венецуела или првото човече на СДС преферира тоа да биде со „сите нишани“, една целосна инвазија врз Македонија како во Иран?

Очебијно, Венко претерал со иљачот на Јон, нели? Или, можеби и би било супер да е така, ќе има изговор. Ќе има алиби. До белото било, де. Без „играчките“ на Шмрчко е полошо. Иако, изгледаше дека тоа го кажа/истресе сласно, страсно и со многу ќеф. Пуста желба, мир не му дава…

Да треснеш таква глупост и да останеш на нозе е успех, не па да си се’ уште предводник на една партија, демек државотворна. А тие, девастотворна, порушителна нема во историјата. Да беше до нив, немаше ни да ја имаме. Сетете се само на првиот Референдум, знамето, името, територијалната поделба, двојазичноста, транзицијата, сиот резил, на сите понижувања наметнати од нив.

Отворајќи се „шест прста“, Филипче всушност кажа повеќе работи.

Првата е колку им е грижа за државата, за Македонија, дека се автошовинистички ксенофили преполни со тони самопрезир и самонегација. Македономрзци. Оикофоби  без граници.

Второ, дека Филипче многу добро знае дека тоа е единствениот начин да се вратат на власт следнава деценија-две. Со некаква странска интервенција. Divine intervention. Со некоја „деус екс макина“, „Божја рака“ ли. Поинаку не бива, оти не ги бива. А можеби, ни така, ни тогаш. Бессрамно и инфантилно повика – тепајте, киднапирајте, убивајте, бомбардирајте, не е битно. Уништете ја државата, нека гори, ништо нее битно. Битно е саде ние да се вратиме на власт. Да си ги спасиме кожичките, башка…

Трето, дека другарчето му Муртинхаузен не бадијала му е најдобра друшка. Овој, да ти лажел повеќе и од ликот кој се колнеше во децата и „семката“ дека нема да го смени името. Октроираниот наследник, пак, измислува режими и споредува со Венецуела и Иран, чудно ми чудо, толку комуњарско есдеесовски. Прикаската за лончето и капачето.

Четврто, ова  е јасен доказ колку многу гори под нозете на Венко и Црпко. Соочени со враќањето на Груби, рекетот врз Митрев, Модуларната и тоните марихуана, ќе колат и молат, ќе коленичат и лажат, ќе ја кодошат лажно сопствената држава, абе ќе гризаат, гребат, ќе удираат под пазуви. Се’ и се’ само за да останат на слобода. Макијавели, вода да им носи. Слободата (целта), ги оправдува средствата на патетичните „моторџии“ од короната.

Петто. Венко покажа дека е презагрижен за стопанот Заев, душичката го боли за ајванот, та затоа и ги кажа/тресна овие лудории, каљајќи ја својата држава и симултано удирајќи/плескајќи по американските демократи и газда Сорос. Да, Филипче и СДС, верувале или не, му дадоа поддршка Трамп. Да, истите оние кои еуфорично навиваа за Камала.

Арно ама, тогаш немаше абер дека може и најверојатно ќе одат во ќорка, ниту дека Црпко можеби ќе мора да се врати во Македонија. Во најмала рака во Грција, а таму да сме ти имале договор за екстрадиција. Или ќе се крие по плажите едно 30 години како Аце Циганот?

Зошто е најзагрижен Венко, ќе се прашате?

Па Зоки е во Дубаи, да. А таму, веќе не било безбедно да бидеш, особено еден „храбар“ ќелепур како чедото црпнато од нива. Сакал, неќел, ќе мора да се одјави од таму, поради ракетите, војната во соседството итн. Налет облакодери, башка Харис веќе не одел во Дубаи, ништо од развратот. Таксират северџански, повторно одраз на тешката бабина клетва по сите ѓурултии и злодејанија кои им ги сторија на Македонија и Македонците.

Кај најде овој Трамп па да прави војна во соседството на Зоче? Можеше да почека некоја година/деценија, да минат судските процеси во Македонија, да застарат делата стокмени со фамозниот 353, па после нека мава колку сака по Иран. Не вака да го потресува Црпко и пола му фамилија пребегана во Дубаи…

Туку, чек, чек, та фамилија му беше во Африка. Значи, гарант и Црпко е таму. Тоа што не го видовте само него на сафарито, не значи дека не е таму. Ко да го видовме како ѕирка зад еден задник на едно гну. И не, не го изеле лавовите, ни хиените, има кој да го чува. На таа пара, нели…

Е сега, се прашувате, каде на „црниот“ континент е Зоче?

Едноставно и логично, можеби во некоја од земјите со кои немаме договор за екстрадиција?Дали ајвароносецот си го искористи сафарито со фамилија? Тие ќе се вратат дома или ќе продолжат да аздисуваат на Алпите, Аспен ли, а тој ќе остане во некоја забит со некое Зулу племе, со Бушмани ли, не е битно, само да не е дома. Не го држело место пустиот…

Та, велат подобро црпнат во савана во Африка да танцуваш со лавовите отколку со Џезми, Ариф и Црни во некоја македонска ќелија…

 

П.С.

Мислите дека бадијала цел живот некој вежбаше да се маскира по урнекот на инспектор Клузо во „Пинк пантер“? Знаел ли што го чека, па тренирал 24/7?

Ние мислевме сака маскембали, а то да ти била подготовка за иднината.

Замислете го само како Бушман со копје во едната и флаша Кока кола во другата, црпнато копи-пејст другарче од „Боговите паднаа на теме“. Зоче-мимикрија за „топење“ со околината.

М’цки, што ќе го најдете, може во саваната ќе ја најде и 4-та прва љубов…

Printscreen

 

 

Најнови вести од Македонија Колумни

To top