Свет Причината е позната - воената состојба на Блискиот исток

Низа спортисти „заглавени“ во Дубаи и Абу Даби – еве кои се меѓу нив

Дел од спортистите пред сè кошаркарите ја користеа паузата во националните првенства поради натпреварите на репрезентациите, а некои како тенисерите останаа во Дубаи откако беа учесници на завршницата на АТП турнирот (Данил Медведев, Мате Павиќ).

Низа спортисти „заглавени“ во Дубаи и Абу Даби – еве кои се меѓу нив

Кошаркарскиот клуб Фенербахче со соопштение се обрати до јавноста дека нивниот тренер Шарунас Јасикевичиус, играчот Армандо Бејко, физиотерапевтот Капеља Буза и спортскиот директор Угур Озан Шулак се „заглавени“ во Обединетите Арапаски Емирати. Причината е познато затворањето на аеродромите во Дубаи и Абу Даби, што спречило нивно враќање во Истанбул.

Дел од спортистите пред сè кошаркарите ја користеа паузата во националните првенства поради натпреварите на репрезентациите, а некои како тенисерите останаа во Дубаи откако беа учесници на завршницата на АТП турнирот (Данил Медведев, Мате Павиќ). Причината е позната – воената состојба на Блискиот исток.

Таму се наоѓаат и тројца играчи на КК Партизан, а во зоната каде нема летови се наоѓаат и дел од играчите на израелските екипи Хапоел Тел Авив и Макаби.

Некои од натпреварите се одложени, додека од АБА лигата соопштија дека во тешките моменти се целосно екипата на Дубаи, која се натпреварува во оваа лига. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top