Македонија МНР

Телефонски разговор Муцунски-Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар

Муцунски нагласи дека во услови на зголемени регионални тензии неопходни се воздржаност, одговорност и засилен дипломатски ангажман, со цел спречување понатамошна ескалација и зачувување на мирот и стабилноста во регионот. 

Телефонски разговор Муцунски-Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со државниот министер за надворешни работи на Државата Катар, Султан бин Саад Ал Мураихи.

-Во разговорот, министерот Муцунски го осуди отворениот ирански напад насочен кон територијата на Катар, оценувајќи го како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет. Тој изрази цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар, потврдувајќи ја поддршката за мерките и одлуките преземени со цел заштита на безбедноста и стабилноста на државата, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Муцунски нагласи дека во услови на зголемени регионални тензии неопходни се воздржаност, одговорност и засилен дипломатски ангажман, со цел спречување понатамошна ескалација и зачувување на мирот и стабилноста во регионот.

Најнови вести од Македонија

To top