Фудбал

Иран сериозно размислува да се повлече од СП во фудбал

Иран сериозно размислува да се повлече од СП во фудбал

Фудбалската репрезентација на Иран сериозно ја разгледува можноста да се повлече од Светско првенство во фудбал 2026 година.

По ескалацијата на тензиите со САД и воените операции Иранците не се сигурни дека сакаат да одиграат три натпревари на американск тло. Според информациите од земјата, политичката и безбедносната состојба станува клучен фактор во носењето одлука за настап на Мундијалот кој ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

Неизвесноста веќе има директно влијание врз домашниот фудбал.

Про лигата на Иран, најсилното клупско натпреварување во земјата е суспендирана од денеска и тоа на неодредено време. Клубовите се ставени во мирување, а натпреварите се одложени додека трае вонредната состојба.

To top