Хроника СВР Битола

Жена тешко повредена, со возило излетала од коловоз

По несреќата С.С. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничка болница Битола, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Жена тешко повредена, со возило излетала од коловоз

На 27.02.2026 околу 06:10 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат за с.Обедник, демирхисарско, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „хјундаи” со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од С.С.(45) од с.Обедник излетало од коловозот.

По несреќата С.С. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничка болница Битола, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

To top