Украинката Каролина Шино победи на натпреварот за Мис на Јапонија и со тоа стана првата натурализирана јапонска државјанка која ја однесе титулата.
Манекенката која е родена во Украина пред 26 години, на петгодишна возраст се преселила во Јапонија и пораснала во Нагоја.
Таа е првата натурализирана јапонска државјанка која победила на натпреварот, но нејзината победа повторно ја разгоре дебатата за тоа што значи да се биде Јапонец, пишува Би-Би-Си.
Carolina Shiino, a naturalized Japanese citizen who was born in Ukraine and has lived in Japan since she was 5 years old, won the 56th annual Miss Japan pageant yesterday. pic.twitter.com/a6UIAEsOvc
— Jeffrey J. Hall 🇯🇵🇺🇸 (@mrjeffu) January 23, 2024
Додека некои ја препознаа нејзината победа како „одраз на времето“, други рекоа дека таа не изгледа како што треба да изгледа Мис Јапонија.
– Морав да се соочам со препреки кои често ме спречуваат да бидам прифатена како Јапонка, па исполнета сум со благодарност што на овој натпревар ме препознаваат како Јапонка – рече таа во својот говор.
Шино се опиша себеси како Јапонка и во „говор и ум“ и ја изрази својата желба да создаде општество во кое „луѓето не се оценуваат според нивниот изглед“, пишува „Скај њуз“.
Сепак, некои луѓе се прашуваат како личност која нема јапонско потекло може да биде Мис на Јапонија.