Македонија одржана трибина

Геополитички промени: Дебата за стратегијата пред лицето на глобалните промени

Геополитички промени: Дебата за стратегијата пред лицето на глобалните промени

Геополитичките промени и Македонија- враќање на историјата на Институтот Радика, се одржана во Културно информативен центар во Скопје.

На трибината, Раби Седрак истакна дека во ваков свет што станува сè понестабилен и пофрагментиран, малите држави немаат луксуз да бидат пасивни, туку мора да водат проактивна, флексибилна и реална политика. Европската интеграција треба да остане како стратешки приоритет затоа што ги нуди економска стабилност и безбедност, но истовремено е неопходно да се диверзифицираат партнерствата преку соработка со сојузниците во НАТО и со нови економски центри на Блискиот Исток и во Азија, без загрозување на Македонското сувереност/суверенитет.

Македонија има можност не само да се прилагоди, туку и да напредува доколку води паметна и избалансирана политика. Потребно е да се зајакне регионалната соработка на Балканот преку конкретни проекти во енергетиката, транспортот и трговијата, со што ќе ја зголеми економската отпорност и ќе се позиционира Македонија како мост меѓу различните региони.

Сепак, најважниот приоритет останува внатрешната реформа. Борбата против корупцијата, владеењето на правото и ефикасните институции се предуслов за секој стратешки успех. Паралелно со тоа, неопходни се инвестиции во одбрана и сајбер-безбедност, како и развој на диверзифицирана економија базирана на иновации и продуктивни сектори. Само со силни институции и јасна стратегија Македонија може успешно да се позиционира во новата геополитичка реалност.

Амбасадорот Боцевски постави прашање дали, како и во која мерка промените на глобалниот поредок се одразуваат на македонската реалност и кој треба да биде домашниот одговор на новите предизвици.

Имајќи ги предвид индикаторите кои што укажуваат на траен развод помеѓу САД и ЕУ, според него, Македонија треба уште поцврсто да се вклучи во европските политички, економски и безбедносни структури. Хаотичниот свет и глобализираната македонска нација создаваат потреба МНР да ја преобликува својата дипломатска мрежа и да биде присутна на сите точки каде што се крои актуелната глобална политика. Тој посочи дека во балканска регионална соработка владее огромна себичност, па Македонија треба да поведе иницијатива за оживување на ЦЕФТА, но и за изнаоѓање нов дух на регионалната соработка.

Кирил Миноски истакна дека геополитичките промени ја менуваат играта на светската економија. Странските инвестиции опаѓаат, светот се затвора во економски блокови, а правилата на глобалната трговија сè повеќе се игнорираат.

Малите и отворени економии, како македонската, се особено ранливи. Потребна ни е јасна, флексибилна и реална економска стратегија која ќе донесе одржлив раст, стабилност и подобар животен стандард.“

На трибината проф. Жидас Даскаловски истакна дека vојната во Украина од 2022 година ги продлабочи поделбите — многу земји избираат неутралност и балансирање наместо целосна поддршка на Западот. Дополнително, политизирањето на трговијата, враќањето на протекционизмот, преку царините, индустриските политики и геоекономската конкуренција доведоа до криза на глобализацијата. Имаме фрагментирање во „геоекономски блокови” — reshoring, friendshoring и nearshoring — каде трговијата продолжува но по нови геополитички линии. Самата СТО не е мртва, но е парализирана (блокиран Апелациски суд). Со Трамп САД води политика на националистички реализам, кој не мора да води кон либерална хегемонија. ЕУ се соочува со сериозни предизвици: стратешка зависност од САД во безбедноста, енергетска ранливост и ограничена автономија во фрагментираниот поредок. Стратешкиот „пивот“ на САД кон Азија ја намалува релевантноста на ЕУ, додека Русија и Кина промовираат евроазиски алтернативи. САД имаат интерес да спречат трајна коалиција Москва–Пекинг. Стратегијата кон Кина вклучува технолошко ограничување (чипови, AI), геоекономска изолација, спречување хегемонија во Азија и реструктурирање на глобализацијата во нивна полза.

Проф. Далибор Јовановски на трибината истакна дека војната во Украина го забрза падот на либералниот поредок и отвори врата кон создавање на нов светски поредок. Но, како ќе изгледа тој нов поредок? Многу аналитичари и интелектуалци говорат дека следи период на поделба на светот на интересни сфери или пак на неминовен судир помеѓу САД и брзорастечката сила НР Кина. Во овие неколку години ЕУ го губи своето место во светската геополитика. Зависноста на ЕУ од САД се покажа како голема слабост на Унијата во првата година од вториот мандат на претседателот Трамп. Тој води политика на заштита на американските интереси, но не и на оние на останатиот дел од веќе некогашниот тн Колективен Запад. Малите држави, како Македонија, во ваква ситуација мора да бидат исклучително внимателни во своето позиционирање, посебно во односите помеѓу ЕУ и Вашингтон, каде кризата околу Гренланд направи расцеп кој ќе остави сериозни последици.

Најнови вести од Македонија

To top