Првпат ќе донесеме стратегија за развој на медиумите, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
– Стратегијата ќе ја носиме бавно, со широки дискусии, веќе почна со работа работна група, во рамки на еден поголем ИПА проект. Ќе донесеме решение за сите предизвици, дали е закон за МИА, дали е закон за МТВ, за аудиовизуелни медиумски услуги… Мора да носиме закони што ќе ни ги поткреваат стандардите и ќе ни даваат простор за развој, рече вечерва Андоновски во гостување на ТВ Телма.
Тој дополни дека треба да се поттикнува развој на сите медиуми, независност, транспарентност и чесни правила на игра.(МИА)