Храна и Пијалаци рецепт

Баклава со розен кори и јаболка

Баклава со розен кори и јаболка

Нема да можете да одолеете на комбинацијата од сочни кори, крцкави ореви и слатки јаболка.

Потребно:
1 пакување розен кори
1,5 кг јаболка
1 кесичка cимет
200 г мелени ореви
750 мл вода
850 г шеќер
2 кесички ванилин шеќер
2-3 лажици сок од лимон
250 г путер/посен маргарин

Подготовка:
Јаболката излупете ги и изрендајте ги. Пропржете ги додека испари течноста што ја испуштаат јаболката. Потоа симнете од оган и додадете Цимет, мелени ореви и измешајте.

Плех со димензии приближни на корите (20 x 30 см), премачкајте ги со путер. Наредете ги корите во плех, па секоја кора рамномерно премачкајте ја со филот, освен последната. Внимателно исечете на квадрати, а потоа и на триаголници. Путерот стопете го и рамномерно прелејте.

Печете на 200°C околу 30-35 минути.

Во соодветен сад ставете вода, шеќер и ванилин шеќер. Измешајте, па кога ќе зоврие, гответе уште околу 7-8 минути. Додадете сок од лимон и симнете од оган.

Преку испечената и изладена баклава, прелејте го врелиот прелив и оставете да се излади.

Напомена: За време на пост користете посен маргарин наместо путер.

To top