Република обука „Судур на интереси“

Програмата „Заедници со интегритет“ денеска во општина Битола

Програмата се спроведува во неколку општини, а меѓу нив е и Општина Битола.

Програмата „Заедници со интегритет“ денеска во општина Битола

Оваа програма има за цел да им помогне на општините во Македонија да создадат и институционализираат силни системи и практики за интегритет кои ги минимизираат ризиците од корупција и ја зголемуваат довербата на граѓаните.

На денешната обука „Судур на интереси“ присуствуваа вработени од општинската администрација, избрани и именувани функционери.

Програмата „Заедници со интегритет“ е проект финансиран од владите на Швајцарија и Шведска, а спроведен од Националниот демократски институт (НДИ).

Програмата се спроведува во неколку општини, а меѓу нив е и Општина Битола.

Градоначалникот Тони Коњановски во поздравниот говор изрази благодарност што и Општина Битола е дел од овој проект, истакнувајќи дека оваа е многу важно за Општина Битола и натаму да биде високо позиционирана на листата за транспарентност и исполнување на обврските без судир на интереси.

Претставникот од Националниот демократски институт ја спомена одличната вест од пред неколку недели дека Општина Битола е високо рангирана од страна Транспаренси Интернешнл – Македонија.

За судирот на интереси-управување, забрани и ограничувања за вработени во јавниот сектор, зборуваше Адем Чучуљ, претседател на Државната
комисија за спречување корупција.

Најнови вести од Република

To top