Во старата касарна започна да се реализира проектот „Изградба на паркинг на СТУ9 АРМ четврт 3“, што опфаќа коловоз, атмосферска канализација и улично осветлување.
Денеска локацијата каде што започнаа градежните работи ја посети градоначалникот на Битола Тони Коњановски со одговорните лица за овој
проект.
Асфалтната површина ќе биде од 1550 м2, а вредноста на проектот е 7.382.097 денари.
Овие средства Општина Битола ги обезбеди преку вториот повик на владата од Министерството за транспорт.