Бројот на невработени лица во четвртото тримесечје од 2025 година е намален за 3,6% споредено со истиот период од 2024 година и сега изнесува 91.388 лица, објави Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 57,9 %, а жени 42,1 %.
Бројот на вработени лица во последниот квартал лани, споредено со третиот квартал бележи зголемување од 0,6 %. Од вкупниот број вработени, 57,8 % се мажи, а 42,2 % се жени.
Статистика констатира дека учеството на неформалната вработеност се намалува.
Неформално вработени лица се 90 293, што е за 10,3 % помалку од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 45,9 %, има во секторот „земјоделство, шумарство и рибарство“ и 16,9 % во секторот „градежништво“.
Статистика објави дека во четврто тримесечје 2025 година во земјава бројот на работоспособно населени се изнесувал 1.517.695 луѓе. Од нив активни на пазарот се 800.911 лица. Во рамки на активното население како вработени се јавуваат 709 523 лица, додека како невработени се 91.388 лица.
Според податоците на статистика, во сивата економија се вклучени 90.293 лица.
Стапка на активност изнесува 52,8, на вработеност 46,8 и на невработеност 11.4.
| Вкупно | Мажи | Жени | |
|---|---|---|---|
| Работоспособно население (15+) | 1 517 695 | 745 622 | 772 073 |
| Активно население (15-89) | 800 911 | 462 954 | 337 957 |
| Вработени (15-89) | 709 523 | 410 007 | 299 516 |
| Невработени (15-74) | 91 388 | 52 948 | 38 440 |
| Неактивно население (15+) | 716 784 | 282 668 | 434 116 |
| Стапка на активност (15-89) | 52.8 | 62.1 | 43.8 |
| Стапка на активност (15-64) | 67.2 | 77.3 | 57.0 |
| Стапка на активност (15-29) | 46.1 | 53.3 | 38.5 |
| Стапка на вработеност (15-89) | 46.8 | 55.0 | 38.8 |
| Стапка на вработеност (15-64) | 59.4 | 68.3 | 50.4 |
| Стапка на вработеност (15-29) | 35.3 | 41.3 | 28.9 |
| Стапка на невработеност (15-74) | 11.4 | 11.4 | 11.4 |
| Стапка на невработеност (15-64) | 11.6 | 11.6 | 11.5 |
| Стапка на невработеност (15-29) | 23.4 | 22.5 | 24.9 |