Република Општина Битола

Реконструкција на спортската сала и фотоволтаици на ООУ „Елпида Караманди“

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска го посети ОУ „Елпида Караманди“ каде се врши реконструкција на дел од спортската сала.

Како што информираше директорката на училиштето Емилија Николовска-Спировски, реконструкцијата подразбира промена на дограмата на целата сала, промена на  електричната инсталација, поставање на плочки во ходниците и во соблекувалните, поправање на санитарните јазли со довод и одвод и комплетно опремување на тоалетите и соблекувалните.

Во рамките на овој проект е и поставување на фотоволтаици. Вкупната сума која се инвестира во реконструкцијата, поставувањето фотоволтаици и опремување со реквизити е 4.481.290 денари. Ова се средства добиени од министетството за образование и наука.

Општина Битола во соработка со централната власт вложува максимални напори за модернизација на образовните институции во Битола.

Најнови вести од Република

To top