Тој важи за најпознатиот мултимедијалец во Македонија. Актер, водител, музичар, пејач, писател, инфлуенсер… Во сите овие професии или хобија подеднакво добар, во повеќето меѓу елитата на самиот врв.
Животот ќе му го одбележат три големи љубови… Една во младоста – Тања, на која ќе и ја посвети песната „Шал“ напишана за „Нокаут“, сопругата од единствениот брак – Искра во зрелите години и последната љубов однеодамна – планинарката Илина.