Македонија „дојдеа ли е нож до коску“ за сдс врхушката?

Вклучен алармот во СДС: Филипче пак го „вергла“ она на „С“, претчувствува ли нешто „лидерот“?!

Арно ама, навасаа истрагите за рекетот на Жан Митрев, се напласти марихуаната, се вмешаа имињата на Заев и Филипче. Многукратно. Упс, дојде и Артан Груби. ЦЦццц…

И што стори Венко?

Пак почна да му се додворува на „странскиот фактор“, сфати дека бадијала е обидот кон народот кој и онака не ги есапи за живи на политичката сцена, па сврти лист и денеска си кажа што му лежи на душичката. Она самонегаторското, оикофобно, автошовинистичко и самопрезирно, она на С,

Верглање и лелекање преку кое очекуваат спас од некого од неумоливата рака на правдата?!

Вклучен алармот во СДС: Филипче пак го „вергла“ она на „С“, претчувствува ли нешто „лидерот“?!

Се обидоа да глумат патриоти, па почнаа и да го избегнуваат она на „С“ кое сами насила му го наметнаа на народот и државата. Им стоеше како пижами на слон. И покрај што беа свесни тоа, и натаму неприродно се трудеа да му се додворат на народот со кажување МАКЕДОНИЈА, како што треба, арно ама, не им личеше…

Арно ама, навасаа истрагите за рекетот на Жан Митрев, се напласти марихуаната, се вмешаа имињата на Заев и Филипче. Многукратно. Упс, дојде и Артан Груби. ЦЦццц…

И што стори Венко?

Пак почна да му се додворува на „странскиот фактор“, сфати дека бадијала е обидот кон народот кој и онака не ги есапи за живи на политичката сцена, па сврти лист и денеска си кажа што му лежи на душичката. Или, поверојатно она што му кажал пиарџијата Фрчко Сениор. Младиот го снема, велат дека можеби бил на рехабилитација. На нервите де, нормално.

И така, довчерашниот патриот Венко оикофобно, автошовинистички и самопрезирно се престрои и гордо викна од собраниската говорница: „Прво, треба да е докажан пријател или негува почит и симпатии кон Република Северна Македонија.“ свика довчерашниот фејк патриот Филипче на собрансиката говорница на пратенички прашања.

Ова за познавачите е очебиен знак дека „дојдеја е нож до коску“ (ко што викаФ кумановци) и дека алармот за нечија слобода е вклучен, па новиот лист се вика угодување кон странците, покажување дека се отворени за Бугари во устав (6 прста), дека ќе го верглаат како навиени она на С, дека ќе направат се што треба. И што не треба. Овојпат, за промена, не да дојдат на власт. Не да додјат, туку да останат на слобода.

За СДС „Северна“ е С.О.С. знак до странците, ѓоамити кога граѓаните на Готам ќе му пуштат светлосен симбол со него на небото дека е потребен за да ги спаси, дек некој зулимќар ги малтертира. Така и СДС, инфантилно бараат спас со верглање на она на С. Таксират комуњарски, со гајди да ги жалите.

Проблемот е што времињата се сменија. Бетмен е пензиониран. Исто како и потребата од сервилни коленичарчиња и безрбетни потпушувачи во Македонија и пошироко. СДС пак ја утнаа. Кога, пак, и погодиле нешто. Најавија гаснење на интернетот. Најавија победа на Референдумот. Ќе победуваа со Шукова. Навиваа за Камала. Го прифатија она мизерното на С, во време кога и без тоа ќе не тутнеа во НАТО (сведоштво на Ципрас и бандата).  Тотални, инфантилни политички дилетанти и северни дилајли.

 

П.С.

Туку, каде е Заев кој само штрака од некаде на ФБ?

Онака, пак за другарче прашуваме…

 

Најнови вести од Македонија

To top