Телата на 1.000 загинати украински војници се вратени во Украина, а телата на 35 загинати руски војници се вратени во Русија, објави денеска помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински.
„Телата на 1.000 загинати украински војници се предадени во Украина. Телата на 35 загинати руски војници и се предадени во Русија“, напиша Медински на својот Телеграм канал.
На крајот на јануари исто така беше извршена размена и тогаш Русија на Украина и ги предаде телата на 1.000 загинати припадници на украинските вооружени сили, додека Украина на Русија ги врати телата на 38 загинати руски војници.
Пред тоа, како што е наведено од Киев, на 19 декември минатата година беше извршена голема репатријација, кога во Украина беа вратени 1.003 тела на загинати војници. (МИА)